Репортажа

Израел: Семејствата кои ги загубија најблиските не го прифаќаат примирјето

15.12.2025 17:24

Израел ги живее деновите на примирјето, прифатено од властите, но тешко од семејствата кои ги загубија најблиските при нападите на Хамас пред две години. Преживеаните од 7-ми октомври се сомневаат дека некогаш ќе биде подобро...

Израел ги живее деновите на примирјето, прифатено од властите, но тешко од семејствата кои ги загубија најблиските при нападите на Хамас пред две години. Преживеаните од 7-ми октомври се сомневаат дека некогаш ќе биде подобро. Еден кој ги гледаше ужасите што ги правеа во неговата населба Кфар Аѕа, и кој успеа да избегне смрт или киднапирање, вели невозможно ќе биде иднина со соседи како тие преку границата.

„Не сум политичар и не сум лидер, но можам да зборувам од моја перспектива. Не мислам дека е возможен голем мир, за кој луѓето тврдат дека постои. Сè уште постојат убиства, силувања и тие велат дека ќе продолжат да го прават тоа постојано без оглед на тоа што ќе им се случи. Тие сакаат да нè убијат и сакаат да не постоиме никаде“, вели Леви – преживеан од 7 октомври.

Фотографиите на полињата со булки раѓаат чувство на болка.

Родителите на убиените на фестивалот „Нова“ уморни и разочарани велат, и после две години и после примирје, не се чувствуваат слободни.

„На 7-ми октомври, во 6.30 изутрината целата моќ на израел беше елиминирана. Се наоѓаме во мошне комплицирана ситуација, бидејќи во последните две години тешко е за мене како цивил кој загубил дете да стапнам овде и да тагувам за Илај, бидејќи има скоро 2.000 семејства околу оваа приказна. Војната сè уште трае. Ние како цивили во Израел не сме безбедни да одиме на север и на југ“, вели таткото на Илај.

Тел Авив пулсира во својот ритам и навидум се чини како никогаш ништо да не се случило, но средбите со луѓето ви покажуваат дека сè уште се трага каде беше државата на 7-ми октомври со часови и зошто го дозволи тоа.

Фиљана Кока