Собрание

Власта и опозицијата со две резолуции за мигрантите

15.12.2025 14:34

ВМРО-ДПМНЕ со предлог резолуција до Собранието за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Крај на мигранти во Македонија се става само ако се потпише нашата резолуција, велат социјалдемократите...

Власта и опозицијата со две резолуции на иста тема, потврда дека мигранти нема да влезат во државава. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со ЗНАМ и ВРЕДИ веќе ја поднесоа во Собранието. Со неа велат, еднаш засекогаш треба да се стави точка на измислената тема со мигранти од страна на СДСМ.

Социјалдемократите, пак, чекаат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да ја потпишат резолуцијата што тие ја понудија. Тие тврдат дека има договор со Британија што предвидува пари за мигранти.

И додека и едните и другите тврдат дека нивната резолуција е исправна и прифатлива, се очекува, онаа на ВМРО-ДПМНЕ да биде ставена на дневен ред на пленарна седница во вторник.

 

Миле А. Ристески