Судство
Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
15.12.2025 14:40
Во соопштението од судот се вели дека се уважува жалбата на Обвинителството, а на обвинетиот му се изрекува казна од 13 години затвор.

Скопска Апелација за една година му ја зголеми казната на Васил Јованов кој во јануари годинава на пешачки премин ја усмрти Фросина Кулакова.
Во соопштението од судот се вели дека се уважува жалбата на Обвинителството, а на обвинетиот му се изрекува казна од 13 години затвор.
Претходно, со пресудата на Кривичниот суд од мај годинава, Јованов е осуден на 12 години затвор затоа што управувал автомобил пијан, без возачка дозвола и со брзина поголема од дозволената на пешачки премин близу Универзалната сала ја удрил Кулакова која почина на самото место.
