Македонија

Бојкот на вработените во Управата за матична евиденција

15.12.2025 16:07

Синдикатот се одлучил службениците да бидат на своите работни места, но да не ги извршуваат работните обврски оти надлежните не го потпишуваат Колективниот договор со којшто ќе добијат зголемување на платата.

Бојкот на вработените во Управата за матична евиденција ќе предизвика застој во издавањето на документи за граѓаните. Синдикатот се одлучил службениците да бидат на своите работни места, но да не ги извршуваат работните обврски оти надлежните не го потпишуваат Колективниот договор со којшто ќе добијат зголемување на платата.

Директорот на Управата за матична евиденција вели дека е во контакт со Синдикатот и доставиле Нацрт-колективен договор до Министерството за финансии и Владата, па очекува да се реши овој долгогодишен проблем.

Синдикалците предупредија, доколку нема слух за нивните барања, ќе стапат во генерален штрајк.

Ирина Гелевска