Прага е новата дестинација во листата на летови од скопскиот аеродром
Линијата ќе ја опслужува „Визер“ со три лета неделно. Се зајакнува туристичката и економската соработка меѓу двете земји, Скопје станува значаен регионален центар за патување...

Со првиот лет на новата директна авиолинија Скопје – Прага, Македонија прави значаен исчекор во унапредувањето на меѓународната поврзаност, економската соработка и мобилноста на граѓаните.
Авиолинијата Скопје – Прага ќе придонесе за зголемен туристички и деловен сообраќај и посилно вклучување на Македонија во европските економски текови. Авионските билети нема да поскапат, велат од Визер.
Според министерката Божиновска со директната поврзаност со Прага се продлабочуваат и врските меѓу Македонија и Чешка.
Од ноември почна редовна авионска линија Стокхолм – Скопје, како и редовна авионска линија Мадрид – Скопје, а од декември се лета од Бари – Скопје, Келн – Скопје, како и редовна авионска линија Прага – Скопје.
Со денешното лансирање на рутата за Прага, започнува и практичната реализација на договореното проширување, со кое Скопје се поврзува со уште неколку европски метрополи.
Борис Грујоски
