Познат текстот за првата престава во новиот велешки театар
Актерите од велешкиот театар на штиците од новиот објект ќе заиграат на текст од драматургот Братислав Димитровски. Со оваа комедија која што победи на јавниот конкурс ќе се оствари и желбата на велешани-првата престава да ги насмее.

Братислав Димитров е автор на текстот „Најважната работа на свето“ со кој актерите од велешкиот театар ќе ја одиграат првата официјална премиера во новата театарска зграда. Изборот паднал на овој драмски текст бидејки бил актуелен, потресен и длабок во пораката, жанровски автентичен и непретенциозен, занаетски чист и стегнат во драмтургијата со јасно изградени ликови со брзи заплети и расплети.
„Овој драмски текст нуди одлична можност за создавање на квалитетна драмска престава во жанрот на комедија која ги следи потребите на современиот гледач но и историската специфика и фах на Театарот во Велес“, рече Драган Недељковиќ, заменик министер за култура.
Очекувањата на театарските работници се дека од овој текст ќе произлезе прекрасна престава која ќе остави силен впечаток кај публиката која досега се покажала како љубител на комедијата.
„Станува збор за исклучително убаво напишана комедија, напишана по терк на добрите стари комедии, која има драмски пресврт на крајот од пиесата“, рече Васил Зафирчев, претседател на Комисијата за избор на драмски текст.
Под чија режисерска палка ќе се работи текстот ќе се знае наскоро, бидеји преставата ќе биде премиерни изведена есенва.
Тиесет автори учествуваa во изборот на текст со кој ќе се отвори еднa од најмодерните театарски згради во југоисточна Европа. Димитров, како награда за напишаниот текст ќе добие 500 илјади денари, а Народниот театар Јордан Хаџи Константинов - Џонот авторските права во наредните пет години.
Дијана Иванова
