Временска прогноза
Сончево со мала до умерена локална облачност
16.12.2025 08:26
Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер...

Во утринските и претпладневните часови по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб променлив ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од – 6 до-2, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко.
