Австралија

Нападот во Сиднеј бил инспириран од ИСИС

16.12.2025 09:47

Масовното пукање во кое беа убиени 15 лица за време на прославата на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј е терористички напад инспириран од Исламска држава, објави австралиската федерална полиција...

Масовното пукање во кое беа убиени 15 лица за време на прославата на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј е терористички напад инспириран од Исламска држава, објави австралиската федерална полиција. Осомничените се татко и син, на возраст од 50 и 24 години, соопштија властите. Постариот маж беше застрелан додека помладиот е хоспитализиран.

Двајцата патувале на Филипините изминатиот месец, се истражуваат целите на патувањето. Поради нападот, лидерите на некои од австралиските држави ветија дека ќе ги заострат веќе строгите закони за оружје.

„Причините зошто отишле на Филипините и целта на тоа во моментов се истражуваат. Исто така, потврдувам дека возилото кое било регистрирано на помладиот маж содржело импровизирани експлозивни направи. Но, исто така, потврдувам дека се пронајдени две рачно изработени знамиња на ИСИС. Продолжуваме да работиме на откривање на мотивот на оваа трагедија. и мислам дека е навистина важно на нашите истражители да им се даде време“, изјави Мал Ланион, комесар на полицијата на Нов Јужен Велс.