ЈУЖНА АМЕРИКА

Колумбискиот претседател со критика за воената стратегија на САД во Карибите

16.12.2025 09:02

Густаво Петро го обвини американскиот претседател за ароганција и рече дека треба да побара совет од Колумбија ако сака да се справи со трговијата со дрога...

Колумбискиот претседател со критика за воената стратегија на САД во Карибите, обвинувајќи го Вашингтон за произволно дејствување и убивање цивили. Густаво Петро го обвини американскиот претседател за ароганција и рече дека треба да побара совет од Колумбија ако сака да се справи со трговијата со дрога. Американската Јужна команда нападна уште три пловила во меѓународни води, при што беа ликвидирала осум лица.

САД спроведуваат кампања на воздушни напади во Карипското Море и источниот Тихи Океан од септември. 20 пловила се уништени, во близина на Венецуела, како дел од воената кампања што ја почна шефот на Белата Куќа против криумчарење на дрога од регионот.