Уапсени четворица за планирање напади во Калифорнија
Федералните власти уапсија четворица членови на екстремистичка група осомничена за планирање координирани бомбашки напади во Јужна Калифорнија...

Федералните власти уапсија четворица членови на екстремистичка група осомничена за планирање координирани бомбашки напади во Јужна Калифорнија. Апсењата биле спроведени изминатата недела источно од Лос Анџелес. Според истрагата, осомничените членови на огранок на пропалестински група планирале на пет локации да постават експлозивни направи и да ги активираат на новогодишната ноќ.
„Уапсените субјекти планирале да постават ранци со импровизирани експлозивни направи насочени кон американски компании што ќе бидат детонирани на повеќе локации во Јужна Калифорнија. Овие бомби требало да експлодираат во исто време на полноќ оваа нова година“, изјави Акил Дејвис, помошник-директор на ФБИ.
