Трамп поднесе тужба од пет милијарди долари против БИ-БИ-СИ
Трамп го обвинува радиодифузерот за клевета и за кршење на законите за трговска пракса и дека „намерно, злонамерно и измамнички“ го монтирале неговиот говор, создавајќи впечаток дека тој директно повикал на насилство...

Американскиот претседател поднесе тужба од пет милијарди долари против БИ-БИ-СИ, со обвинение дека Британскиот јавен сервис го изманипулирал неговиот говор од 6 јануари 2021 година во документарната емисија „Панорама“. Трамп го обвинува радиодифузерот за клевета и за кршење на законите за трговска пракса и дека „намерно, злонамерно и измамнички“ го монтирале неговиот говор, создавајќи впечаток дека тој директно повикал на насилство.
БИ-БИ-СИ изминатиот месец се извини за начинот на кој бил прикажан говорот, но одби да исплати отштета, наведувајќи дека не постои никаква правна основа за тужба.
