Партии

СДСМ денеска избира ново раководство

16.12.2025 11:18

Филипче најави дека списокот со новите членови на раководството е веќе подготвен и дека ќе биде комбинација од искусни и помлади кадри.

СДСМ денеска на седница на Централниот одбор треба да го потврди новото партиско раководство, откако на почетокот на декември оставка поднесе целиот врв на партијата, освен претседателот Венко Филипче.

Филипче во интервју за „360 Степени“ најави дека списокот со новите членови на раководството е веќе подготвен и дека ќе биде комбинација од искусни и помлади кадри. Позицијата генерален секретар ќе ја задржи Александар Саша Димитријевиќ, додека еден од потпретседателите ќе биде Александар Трајановски.

Претседателот на СДСМ изјави дека со кадровските промени се отвора ново поглавје за партијата, со цел освежување, зајакнување и вклучување на нови лица, како и создавање нова енергија во пресрет на следниот период.