Изложба „Простори на конјункција“ во КИЦ Загреб
Со оваа изложба се заокружува меѓународната презентација на проектот, кој претходно беше прикажан во Софија, Белград и Истанбул. На отворањето ќе се обратат директорката на КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и директорот на Националната галерија, Али Синани.

Изложбата „Простори на конјункција – Картографија на фрагментот: Наративи, граници, меморија“, во организација на Националната галерија на Северна Македонија, вечерва во 19 часот ќе биде отворена во Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб.
Со оваа изложба се заокружува меѓународната презентација на проектот, кој претходно беше прикажан во Софија, Белград и Истанбул. На отворањето ќе се обратат директорката на КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска Илиевска, и директорот на Националната галерија, Али Синани.
Во проектот учествуваат повеќе автори од земјата, кои преку графика, цртеж, фотографија, видео, објект и колаж ја истражуваат врската меѓу личното искуство и колективната меморија, отворајќи дијалог со историските и општествените наративи.
Изложбата „Простори на конјункција“ ќе биде поставена во КИЦ Загреб до крајот на годинава.
