Македонија

Републичкиот обвинител Коцевски се повлече од функцијата

16.12.2025 11:24

Коцевски оставката ја поднел непосредно пред почетокот на собраниската расправа на која требаше да се разгледува предлогот за негово разрешување.

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Одлуката самиот тој ја соопшти на прес-конференција во Обвинителството, а во писмена форма одлуката веќе ја испратил до надлежните институции. Коцевски оставката ја поднел непосредно пред почетокот на собраниската расправа на која требаше да се разгледува предлогот за негово разрешување.

Во писменото известување доставено до Собранието, Коцевски наведува дека за денеска, 16 декември 2025 година, со почеток во 11 часот е закажана седумдесет и шестата седница на законодавниот дом, на чиј дневен ред е ставена точката за негово разрешување од функцијата Јавен обвинител на Република Македонија.

Тој посочува дека, согласно член 86 став 1 алинеја 1 од Законот за јавно обвинителство, поднесува барање за престанок на функцијата по сопствено барање, а врз основа на став 2 од истиот член, побарал Собранието на закажаната седница формално да го утврди престанокот на неговиот мандат.

Со оваа оставка, практично, се затвора постапката за негово разрешување, која требаше да се разгледува на денешната пленарна седница, а Собранието ќе треба да донесе одлука за констатирање на престанокот на функцијата и за понатамошните чекори во однос на изборот на нов државен јавен обвинител.