Македонија
Државниот обвинител Коцевски поднесе оставка
16.12.2025 13:13
Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка пред почетокот на собраниската седница на која беше владиниот предлог за негово разрешување…

Републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка, еден час пред почетокот на собраниската седница на чиј дневен ред беше точката за негово разрешување. Рече дека функцијата ја извршувал чесно и достоинствено, заминува со гордо крената глава, но и со разочараност поради непочитување на принципите врз кои почива правната држава.
Известува Анита Димитријевска-Велковска
