Груевски за „Република“: Грција се однесува како палавото дете на ЕУ

05.09.2014 16:55

Единствената пречка за евроатлантско интегрирање на Македонија е грчката блокада. Тешко е да се прогнозира колку самитете, како берлинскиот, може да помогнат во надминувањето на разликите со Грција, оценува Груевски во ин­терв­јуто за неделникот „Ре­пуб­ли­ка“.

Лиде­рот на СДСМ не­ма си­ла да се со­о­чи со при­ти­со­кот од не­кои лу­ѓе што има­ат одре­де­ни ин­те­ре­си, а Заев не чув­ству­ва си­ла, не­ма кре­а­тив­на или ин­те­ле­кту­ал­на су­пе­ри­ор­ност и моќ да им се спро­тив­ста­ви на ка­ков би­ло на­чин. Ќе би­де пре­доц­на ко­га ќе сфа­ти кои се нив­ни­те це­ли и крај­ните ин­те­ре­си, ве­ли претседателот на Владата, Никола Груевски во ин­терв­јуто за неделникот „Ре­пуб­ли­ка“. Заев на некој начин е и за­ви­сен од нив, тие има­ат или се бли­ски до лу­ѓе што рас­по­ла­га­ат со фон­до­ви пре­ку кои фи­нан­си­ра­ат но­ви­на­ри, ме­ди­у­ми, ква­зи­ин­те­ле­кту­ал­ци. Тоа е еден од не­го­ви­те проблеми, но и на СДСМ и тие, за жал, додава Груевски, мо­же да ѝ нанесат штета и на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, со отсус­тво на опо­зи­ци­ја­та од пар­ла­мен­тот, со сти­му­ли­ра­ње де­стру­ктив­ни по­те­зи.

„Спо­ред мои ин­фор­ма­ции, За­ев во 2013-та го­ди­на бе­ше за вра­ќа­ње во пар­ла­мен­тот, од­нос­но про­тив бој­кот на из­бо­ри­те. Бе­ше за из­ле­гу­ва­ње на из­бо­ри, да не се бој­ко­ти­ра­ат, за­тоа што во тој мо­мент тоа не­му му од­го­ва­ра­ше. Чув­ству­ва­ше де­ка има до­бри шан­си да по­бе­ди во Стру­ми­ца и то­гаш има­ше дру­ги ар­гу­мен­ти. Се­га, ко­га му тре­ба­ше али­би да оста­не пре­тсе­да­тел на пар­ти­ја­та, де­мек из­бо­ри­те би­ле не­ре­гу­лар­ни, ина­ку ќе по­бе­дел“,вели премиерот Груевски.

Секоја мултиетничка земја се соочува со помали или поголеми тензии меѓу етничките заедници, смета Груевски, но последните битпазарски настани беа повеќе од радикално верски карактер. Организаторите ќе сфатат дека биле изманипулирани од одредени луѓе што не и мислат добро на Македонија, констатира премиерот Груевски. Единствената пречка за евроатлантско интегрирање на Македонија е грчката блокада. Тешко е да се прогнозира колку самитете, како берлинскиот, може да помогнат во надминувањето на разликите со Грција, оценува Груевски. Јужниот сосед има официјална позиција дека сака решение, но со условувања, а неформалната, за што се свесни и во Брисел, е дека имаат внатрешни и финансиски проблеми.

„Поголем проблем е што се однесуваат како палавото дете на ЕУ, кое, ако ЕУ не му даде помош, ќе почне да крши дома и со тоа ќе ја доведе во прашање иднината на семејството и на домот“, појаснува премиерот.

Македонија ги охрабрува дијалогот со Бугарија и позитивните трендови преку гестовите на претседателите Иванов и Плевнелиев, вели Груевски во интервјуто. Софија нема ниту една причина да се сомнева во пријателството на Македонија, а тоа, според премиерот, ќе го потврди и времето.

Милчо Велески