Собрание

Предлог-резолуцијата за мигрантите во Собранието, пратениците на СДСМ ја напуштија седницата

16.12.2025 16:17

Предлог-резолуцијата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за мигрантите ги истера од собраниската сала пратениците на СДСМ. Лути се затоа што се осудуваат манипулациите на опозицијата, покрај гаранциите дека мигранти нема да влезат во земјава. Власта со став дека лицемерието излегло на виделина. Велат – не само што избегаа од темата, туку и фамозната резолуција која ја предлагаа во јавноста, не ја ни поднесоа во Собранието…

Од честитка на ДУИ со „среќна нова 49“, до повлекување на пратениците на СДСМ од пленарната седница на која е ставена резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ со која се гарантира дека нема да влезат мигранти во земјава, но и дека се осудуваат манипулациите со темата од страна на опозицијата.

Талат Џафери побара тргнување на резолуцијата од дневен ред, меѓу другото што со неа се мешаат ингеренциите на извршната и законодавната власт. Оливер Спасовски пак е со став дека се осудува опозицијата, по што пратениците на СДСМ ја напуштија работата на седницата.

Опозицијата мавта со резолуција која никако да ја поднесе во Собрание, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Велат, ја напуштиле работата на седницата за да ја избегнат дискусијата.

Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за мигрантите произлезе по пишувањето на британски медиуми и тврдењата на опозицијата дека било договорено влез во земјава на мигранти, одбиени од Велика Британија.

Миле А. Ристески