Македонија

Денеска не се издаваат изводи од матични книги – вработените бојкотираат

16.12.2025 17:29

Управата за матични книги денеска не издава документи. Вработените се на своите работни места, но не ги извршуваат обврските затоа што не е потпишан колективниот договор за зголемување на платите. Граѓаните се враќаат. Директорот вели дека очекуваат решение...

Нема изводи, нема запишување бракови. Оние кои денеска има потреба од услуга во Управата за водење на матични книги не беа услужени од вработените. Бојкот предизвика застој во издавањето на документи за граѓаните.

Службениците беа на своите работни места, но не ги извршува работните обврски оти надлежните не го потпишуваат колективниот договор со којшто ќе добијат зголемување на платата.

Директорот на Управата за матична евиденција вели дека е доставен нацрт-колективен договор до Министерството за финансии и Владата.

Од утре управата ќе функционира нормално, но синдикалците предупредија доколку нема слух за нивните барања, ќе стапат во генерален штрајк.

Во Управата за водење на матични книги има околу 350 вработени кои земаат минимална плата, од таму велат дека потребно е да се зголеми и бројот на вработени.

Ана Јосифоска