Демант

Лотарија демантира: Неправилностите се од претходното раководство

16.12.2025 17:14

Државна лотарија попладнево со реакција во врска со објавените медиумски написи во кои се тврди дека Државниот завод за ревизија утврдил значителни неправилности во финансиското работење на акционерското друштво за приредување игри на среќа за 2024 година...

Државна лотарија попладнево со реакција во врска со објавените медиумски написи во кои се тврди дека Државниот завод за ревизија утврдил значителни неправилности во финансиското работење на акционерското друштво за приредување игри на среќа за 2024 година. Во демантот се наведува дека објавените информации се „неосновани, тенденциозни и нецелосни“, бидејќи не е направена јасна и суштинска дистинкција помеѓу периодот на управување од страна на претходното раководство од СДСМ и ДУИ и периодот на работење под новото раководство.

„Таквиот пристап создава погрешна слика во јавноста и претставува сериозно отстапување од принципите на објективно и точно информирање“, се вели во реакцијата.