„Приказната за Силјан“ не влезе во топ 15 филмови за оскаровската трка
„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска беше квалификуван во две категории: најдобар странски филм и најдобар документарец...

Прогнозата за „Приказната за Силјан“ сепак не се остварија, филмот не влезе во топ 15 филмови за оскаровска трка.
„Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска беше квалификуван во две категории: најдобар странски филм и најдобар документарец. Филмот го откупи National Geographic, и до сега доби голем број значајни и релевантни награди и номинации на фестивалот во Венеција, NYDOC, IDA, Spirit, PGA Award, Eye Cinema Audience Award и ред други.
Македонската кампања за Оскари во категоријата најдобар странски филм е поддржана од страна на Агенцијата за филм на РСМ. Филмот продолжува да си го живее својот пат во киносалите.
