Денеска сончево и претежно тивко, на некои места ќе има појава на магла
Сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во утринските часови на некои места ќе има појава на магла. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во северозападните делови од земјата повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд...

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во утринските часови на некои места ќе има појава на магла. Според прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) во северозападните делови од земјата повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Утринската температура ќе биде од минус четири Целзиусови степени до 1 степен над нулата, а дневната ќе се движи во интервал од осум до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко. Температурата ќе биде од минус четири степени наутро до осум во текот на денот.
