Премиерот Мицкоски во Брисел на самитот ЕУ-Западен Балкан
Македонската владина делегација синоќа присуствуваше на настанот - „Здравица за добрите соседи: еве колку се добри западните балканци“, под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос...

Во Брисел Самит Европска унија-Западен Балкан, кој традиционално се одржува во пресрет на последниот Европски совет во годината. Македонската делегација ја предводи премиерот Мицкоски. И покрај исполнетите обврски и формалниот кандидатски статус, земјава и натаму останува заглавена меѓу европските ветувања и билатералните блокади.
Шефот на владата пред Самитот порача дека Македонија ќе продолжи да инсистира на принципиелни европски критериуми, а не на услови што произлегуваат од историски и од идентитетски спорови.
Македонската владина делегација синоќа присуствуваше на настанот - „Здравица за добрите соседи: еве колку се добри западните балканци“, под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос, а во организација на амбасадорите на земјите од Западен Балкан во Брисел.
