Јаневска денеска ќе се обрати на проект реализиран од Правниот факултет
Министерката Јаневска денеска ќе се обрати на претставувањето на прелиминарните резултати од научниот проект „Иновативни научни решенија за намалување на социјалната нееднаквост и сивата економија во Македонија преку даночната регулатива“ што ќе се одржи на Правниот факултет во Скопје...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска ќе се обрати на претставувањето на прелиминарните резултати од научниот проект „Иновативни научни решенија за намалување на социјалната нееднаквост и сивата економија во Македонија преку даночната регулатива“ што ќе се одржи на Правниот факултет во Скопје.
Како што соопштија од МОН, проектот е реализиран од тимот од Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ со финансиска поддршка на Министерството за образование и наука.
