Украина

Зеленски: Правно обврзувачки гаранции - клуч за мир

17.12.2025 08:47

Тој призна дека остануваат разлики околу териториите, но нагласи дека правно обврзувачките безбедносни гаранции се клучен услов за мир...

Мировниот план за Украина наскоро ќе му биде презентиран на Кремљ-Зеленски изјави дека предлозите договорени со САД би можеле да бидат финализирани во следните неколку дена, по што се очекува средба на украинските и американските преговарачи во Мајами. Тој призна дека остануваат разлики околу териториите, но нагласи дека правно обврзувачките безбедносни гаранции се клучен услов за мир.

„Русија е агресор и не можеме точно да знаеме кои гаранции би можела да ги прекрши во иднина. Затоа сакаме широк спектар на гаранции. Да знаеме како партнерите, како коалицијата на подготвените, ќе реагираат во случај на повторна агресија“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Во исчекување на мировниот план, рускиот министер за надворешни работи Лавров изјави дека САД ѝ ветиле на Русија дека Украина ќе се откаже од дел од територијата како дел од мировниот договор. Во истовреме, европските лидери и Зеленски формираа Комисија за проценка на воените штети за Украина, додека нападите продолжуваат на фронтот.