свет

Австралија: Властите најавија искоренување на антисемитизмот во земјата

17.12.2025 09:47

Претседателот Трамп кој беше домаќин на забавата за Ханука во Белата куќа им оддаде почит на жртвите и повика за обединета борба против тероризмот...

Австралија во жалост додека се одржуваат првите погреби на жртвите од масовното пукање при прославата на Ханука на плажата Бонди во Сиднеј. Властите ветуваат дека ќе направат се што е потребно за да го искоренат антисемитизмот во земјата.

„Нашата нација ќе одговори. Ќе ги повикаме луѓето на одговорност за она што се случи. Треба да извлечеме лекција и да преземеме посилни акции, законска промена за да го искорениме антисемитизмот од нашето општество. Да ја искорениме и злобната идеологија на она што, според истражителите, е напад инспириран од ИСИС“, изјави Ентони Албанезе, премиер на Австралија.

Претседателот Трамп кој беше домаќин на забавата за Ханука во Белата куќа им оддаде почит на жртвите и повика за обединета борба против тероризмот.

„Сите нации мора да застанат заедно против злите сили на радикалниот исламски тероризам“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Израел ги повика западните влади да сторат повеќе во борбата против антисемитизмот и да ги послушаат предупредувањата на Тел Авив.