САД

Се трага по осомничениот за пукањето на Браун

17.12.2025 10:53

Полицијата во Провиденс, Род Ајленд, објави нови снимки на кои се гледа лицето од интерес, два часа пред да го изврши крвавиот чин...

Продолжува потрагата по осомничениот за пукањето на Универзитетот Браун за време на викендот кој усмрти две, а рани уште деветмина лица. Полицијата во Провиденс, Род Ајленд, објави нови снимки на кои се гледа лицето од интерес, два часа пред да го изврши крвавиот чин.

Властите повикаа на трпение и смиреност додека и натаму се обидуваат да го идентификуваат осомничениот.