Построги ЕУ мерки за цигарите и тутунот
Членките на Европската унија со Европарламантот постигнаа договор за нова директива за тутунските производи што предвидува поголеми предупредувања за опасните последици на пушењето . Тие ќе се означат на кутиите, но ќе има и правила за користење на вештачките цигари за кои се предвидува зголемување на пазарот во САД до вредност од 700 милиони долари годишно. Концентрацијата на никотинот во овие цигари не смее да биде повисока од 20 милиграми на милилитар.

Членките на Европската унија со Европарламантот постигнаа договор за нова директива за тутунските производи што предвидува поголеми предупредувања за опасните последици на пушењето . Тие ќе се означат на кутиите, но ќе има и правила за користење на вештачките цигари за кои се предвидува зголемување на пазарот во САД до вредност од 700 милиони долари годишно. Концентрацијата на никотинот во овие цигари не смее да биде повисока од 20 милиграми на милилитар. Оние со поголема концентрација ќе се сметаат за лекови. Од 2016 стапува во сила и законот според кој цигарите, тутунот за виткање и други слични производи ќе мора да имаат и слика и текстуално предупредување за штетноста на 65 насто на предниот и на задниот дел од кутијата. Досега ова се однесуваше само за 30 насто од пакувањето, а сликите не беа задолжителни. Цигарите со ментол или арома на овошје ќе бидат забранети во 2020. Промената во регулативата е и можната забрана за прекугранична интернет-продажба на тутунските производи. Откако ќе стапи во сила наредната година, директивата ќе се вметне во националните законодавства во рок од две години.
