Изложбата „Поема на атомите“ на Благојче Петровски во Истанбул
На 19 декември (петок) во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Поема на атомите“ на македонскиот уметник Благојче Петровски, во галеријата на Македонскиот културен центар во Истанбул...

Во галеријата на Македонскиот културен центар во Истанбул, на 19 декември (петок) во 20:00 часот, ќе биде отворена изложбата „Поема на атомите“ на македонскиот уметник Благојче Петровски.
Изложбата претставува духовно и визуелно истражување инспирирано од мислата на Руми и од иконописната традиција. Преку минималистички композиции, симболички знаци и внимателно користење на златната површина, Петровски создава тивок, но моќен сликарски јазик кој ја отвора темата за светлината, љубовта и внатрешниот ритам на создавањето. Делата функционираат како контрапункт на современиот материјалистички сјај, нудејќи простор за созерцание и духовна тишина.
Со оваа изложба, Македонскиот културен центар во Истанбул продолжува со својата мисија за промоција на современата македонска уметност и автори во Република Турција. Изложбата е дел од Годишната програма на Министерството за култура и туризам.
