На пленарна седница во Собранието Предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за мигрантите
Претходно, треба да го помине филтерот на Комисијата за политички систем. Од опозицијата најавија дека нема да учествуваат во расправата. Според социјалдемократите, планот е прво избори, а потоа мигранти во Македонија, за пари...

На пленарна седница во Собранието Предлог-резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција. Претходно, треба да го помине филтерот на Комисијата за политички систем. Од опозицијата најавија дека нема да учествуваат во расправата. Според социјалдемократите, планот е прво избори, а потоа мигранти во Македонија, за пари.
Од „Бихаќка“ најавија дека заедно со граѓаните, СДСМ ќе ги искористи сите демократски механизми за да се спротивстави на според нив, ова национално и државно предавство. Вистината излегува на виделина и СДС веќе не може да го скрие лицемерието, нивните лаги и манипулации, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ.
Според владејачката партија, наводната загриженост за мигрантите се виде дека им е тема за дневна политика, за ширење страв и паника кај населението. Иако претходно најавија своја резолуција, сепак предлог-резолуцијата не ја доставија во законодавниот дом.
