СДСМ

Ново раководство и промени во Извршниот комитет на СДСМ

17.12.2025 13:00

Со новоизбраните кадри во раководството и органите на партијата на СДСМ, лидерот Филипче најавува тим кој ќе стави крај на политиките на власта. Според владејачката партија именуваните се стари кадри кои со себе влечат скандали и неуспеси во досегашните политички кариери.

Екс-министерката за труд и социјала Јована Тренчевска и кандидатот за градоначалник на Аеродром, ортопедот Александар Трајановски се новите потпретседатели на СДСМ. Александар Саша Димитриевиќ останува генерален секретар, а Љупчо Фармаковски организациски секретар на партијата.

Промени и во извршниот комитет на опозициската партија, каде Дејан Николовски, Јон Фрчковски, Петар Огненовиќ се нови, а остануваат досегашните членови Симона Цветановска, Рената Младеновска, Андреј Жерновски. Новоизбраните кадри во раководството и органите на партијата според лидерот Филипче, се тимот што ќе стави крај на политиките на власта.

Новото раководство е комбинација на искусни и млади кадри, потенцираат од „Бихачка“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, во новото раководство на СДСМ се избрани стари кадри одредени од екслидерот Зоран Заев, кој со себе влечат скандали и неуспеси во досегашните политички кариери.

 

Ирина Гелеска