ИВЗ: На терористите не им е местото меѓу исламските верници

05.09.2014 17:19

Преку молтива- до севишниот. Тоа се проповеда, а не насилство и омраза. На оној што решил да се занимава со тероризам не му е местото меѓу исламските верници, тврди првиот човек на исламската верска заедница во земјава Хаџи Ефенди Реџепи.

Преку молтива- до севишниот. Тоа се проповеда, а не насилство и омраза. На оној што решил да се занимава со тероризам не му е местото меѓу исламските верници, тврди првиот човек на исламската верска заедница во земјава Хаџи Ефенди Реџепи.

„Кога се зборува за Ислам треба да се зборува во име на Куран и на делата и зборовите на Мухамед Али Селам којшто се вика Сунет. Нити Куранот нити Сунетот не трпат насилство, не познаваат радикализам. Не оправдува припадникот на исламот да се занимава со такви работи кои денеска се случуваат во светот“, вели Реис ул улема Хаџи ефенди Сулејман Реџепи, поглавар на ИВЗ.

ИВЗ, вели Реџепи нема контрола врз џамиите Јахја Паша и Тутунсуз поради тоа што одговорните за џамијата го немаат нивниот благослов. Експертите, пак, ја повикаа ИВЗ како официјален претставник да ја врати контролата над нив зашто лесно би можело да им се остави простор на радикалните структури да ги исполнат своите цели. Да продолжат да врбуваат главно млади луѓе да војуваат на страната на Џихадистите во Сирија и Ирак.

Макеоднија веќе го избра патот како да се избори против врбувањето на младите за учество во некои странски воени акции под знамето на исламскиот радикализам.

Властите донесоа законски одредби според кои најмалата казна за учество или врбување за учество во странски војски е четиригодишна казна затвор. Но, дел од експертите се скептични особено дека тешко ќе оди докажувањето на делата. Велат станува збор за веќе израдикализирани луѓе. Фактот дека веќе се решиле да заминат зборува за тоа дека тие веќе ја поминале границата, тие знаат дека тоа што го прават е спротивно на нормалните вредности што ние ги прифаќаме или општо прифатени цивилизирани вредности.

„Ќе треба да има дополнителни програми бидејќи е потребен различен пристап кон различни луѓе. Дел од оние кои заминуваат да ги одвратите, дел да ги рехабилитирате тие што се вратиле, бидејќи истите претставуваат темпирана бомба. Дел ќе бидат истрауматизирани, дел израдикализирани до максимум и ќе работат на агенда на дополнителна радикализација“, смета професорот на Воената академија, Методи Хаџи Јанев.

По акциите во Косово и шпекулациите дека во Албанија биле откриени дел од финансиерите на Џихадистите, македонски државјани, се огласи македонското Јавно обвинителство. Колегите од Албанија не ги информирале за истрагата, односно за наводите кои се објавени во медиумите во Република Албанија.

Во јавноста веќе е познато дека парите за Џихадистите се собираат дури и од милостината за Рамазан. Прибирањето на верските давачки надвор од контролата на ИВЗ, добивањето на парите од странство преку разни невладини организации, плаќањето луѓе кои „повикуваат на вера“, создавањето „свои“ бизнисмени, па се до илегалното внесување пари преку аџии од Мека, се најчестите примери како во нашата земја се обезбедуваат парите за ширењето на радикалниот Ислам.

 

Фиљана Кока