Постапка за избор на нов државен обвинител
Според Законот за јавни обвинители, изборот се врши најдоцна два месеца пред истекот на мандатот на актуелниот, односно веднаш по празнењето на местото, како во овој случај.

Со констатирање на оставката на државниот обвинител Љупчо Коцевски што ја даде пред вчерашната собраниска седница, на која треба да биде неговото разрешување, започнува процедурата за избор на неговиот наследник.
Според Законот за јавни обвинители, изборот се врши најдоцна два месеца пред истекот на мандатот на актуелниот, односно веднаш по празнењето на местото, како во овој случај. По предлог на Владата, Собранието треба да распише оглас за именување јавен обвинител, да побара мислење од Советот на јавни обвинители за сите пријавени кандидати.
Советот е должен да ги подготви образложените, позитивни или негативни мислења во писмена форма во рок од 15 дена. Ако не даде за ниту еден од пријавените кандидати, Владата не може да утврди предлог за именување Јавен обвинител на Македонија и ќе му предложи на Собранието да распише нов оглас.
Изборот, како и разрешувањето, се врши со просто мнозинство.
