Македонија

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

17.12.2025 13:57

Меѓу оние кои не ја испочитувале обврската се актуелниот и поранешниот градоначалник на Скопје, новите градоначалници на Кичево, Крушево, Струга, Кисела Вода, но и поранешните на Карпош, Дојран, Кочани, Струмица.

35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја испочитувале законската обврска за пријавување на имотната состојба, информира Антикорупциската комисија. Првите тоа треба да го сторат за да се види дали и колку се збогатиле од функцијата, за новоизбраните да се знае со колкав имот стапнале на функција.

Меѓу оние кои не ја испочитувале обврската се актуелниот и поранешниот градоначалник на Скопје, новите градоначалници на Кичево, Крушево, Струга, Кисела Вода, но и поранешните на Карпош, Дојран, Кочани, Струмица.

Законот предвидува изјавата да се достави најдоцна 30 дена од изборот, во спротивно, ДКСК ќе иницира постапки за проверка на нивната имотна состојба и интереси.