истражување

Потребна нова стратегија за заштита и спречување на насилство врз жени

17.12.2025 16:47

Од 600 жени испитаници, само 5 проценти пријавиле насилство од било каков вид. Бројките се поразителни, потребна е нова стратегија за заштита и спречување на насилство врз жени. Насилството не смее да остане сокриено, порачуваат надлежните. Особено замав зема сексуалното и вербалното вознемирување…

Една од четири жени се чувствува небезбедно на јавен простор, покажа истражувањето на ОБСЕ, направено врз 600 испитанички. Две третини од нив биле или жртва или сведок на родово базирано насилство во различни форми. Најзагрижувачки е што 89 проценти не пријавиле поради страв, срам или стигма.

„Кога настанува насилство, молчењето не е опција. Сите имаме одговорност да реагираме и пријавиме. Пријавите за насилство мора да бидат приоритет, а институциите се обврзани да делуваат со должно внимание“, изјави амбасадорот Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Насилството врз жените и девојчињата не смее да остане сокриено. Во последно време зема сексуалното и вербално вознемирување кое остава трајни последици.

Ниту едно девојче не смее да расте со страв и да не ги оствари своите потенцијали и соништа поради различните форми на насилство, што се честа појава во нашата земја, велат надлежните.

Кога ќе се случи било каков вид на насилство не молчете, пријавете! Порака од надлежните кои подготвуваат нова стратегија за спречување на насилство врз жените, за навремена и ефикасна заштита.

Александра Спировска