Минск

Украина и проруските сепаратисти потпишаа договор за прекин на огнот

05.09.2014 17:30

Украинските власти и проруските сепаратисти во Минск потпишаа договор за прекин на огнот во источна Украина, јавува Интерфакс. Пекинот на огнот влегува во сила попладнево. На средбата во Минск учествуваа и претставниците на Русија и на ОБСЕ, кои што заедно со властите од Киев и проруските сепаратисти ја сочинуваат т.н. контакт група за Украина.

Дискутирано е и за взаемно ослободување на затвореници и за обезбедување хуманитарна помош за погодените области. И покрај примирјето, денеска продолжија жестоките судири, при што најкритично е во градот Мариупол каде што се наоѓа големо и стратешки важно пристаниште.