Економско-социјалниот совет ќе одлучува за минималната плата
Синдикатите не отстапуваат од барањето за минимална плата од триесет илјади денари. Бизнис заедницата останува на ставот дека трудоинтензивните дејности каде просечните плати се пониски од триесет илјади денари не можат да го поднесат тоа. Од Владата со став дека ќе го поддржат секој договор меѓу синдикатите и стопанствениците …

Во понеделник ќе заседава Економско-социјалниот совет и повторно ќе одлучува за зголемување на минималната плата. За сега извесно е само дека до крајот на март минималната плата ќе порасне до две илјади денари, како законско усогласување
Синдикатите не отстапуваат од барањето за 30 илјади минималец, но бизнис секторот е на став дека стопанството, посебно трудоинтензивните дејности не се во кондиција да издржат таков финансиски товар.
Економско-социјалниот совет ќе расправа и за пресметка на просечната потрошувачка кошничка, која е на удар за време на празниците. Годинава нема да има новогодишна потрошувачка кошничка, бидејќи според заменик министерот Ристески оваа мерка има краток ефект, заради што е оставено пазарната економија да ги стабилизира цените.
Славица Величковска
