Инфраструктура

Николоски: Превирањата на бугарската политичка сцена нема да влијаат на изградбата на меѓуграничниот тунел

17.12.2025 17:41

Градежните активности ќе започнат следното лето, откако внимателно ќе биде изработена комплетната документација. Деновиве се сретнале и директорите на железниците. Целиот процес ќе биде под мониторинг на Европската инвестициска банка.

Превирањата на бугарската политичка сцена нема да влијаат на изградбата на меѓуграничниот тунел кој треба да ги поврзе македонската и бугарската железничка мрежа како дел од Коридорот 8, тврди министерот за транспорт, Николоски.

Градежните активности ќе започнат следното лето, откако внимателно ќе биде изработена комплетната документација. Деновиве се сретнале и директорите на железниците. Целиот процес ќе биде под мониторинг на Европската инвестициска банка.

Во тек е подготовка на нов просторен план на државата со кој ќе се дефинира долгорочниот просторен и инфраструктурен развој.

Новата методологија на просторниот план на државата ќе обезбеди заштита на јавниот интерес и животната средина, а ќе ги интегрира и климатските промени.

Александра Велинова