СДСМ ја обвинува власта за злоупотреби со тендерски постапки, од Владата децидно демантираат
Фирма со тројца вработени за два месеца добива тендери од власта, во вкупен износ од 1,2 милиони евра – велат од СДСМ. Според опозициската партија, причината е блискоста на сопственикот на компанијата со премиерот Мицкоски. Од Владата децидно демантираат, наводите на опозициската партија се целосно неосновани, груба клевета и свесна конструкција...

Фирма со тројца вработени, формирана пред две години, во период од два месеци, добила тендери од Генералниот секретаријат на владата и од СОЗР, во износ од 1, 2 милиони евра, тврдат од СДСМ. Од таму велат дека постоел сомнеж за нетранспарентни постапки, фаворизирање и коруптивни тендерски шеми.
Изнесените наводи се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реагираа од владата. Велат дека во сите постапки, не постои ниту најмал пропуст или неправилност.
Телоп влада
„Опозицијата, очигледно неспособна да понуди идеи, програми или визија, повторно посегнува по стариот и веќе прочитан рецепт на измислици, но ова се бледи и безидејни конструкции кои го разоткриваат очајот на оние што ги пласираат. Институциите работат транспарентно, законски и отчетно, а секој што тврди спротивно ќе мора своите зборови да ги поткрепи со факти, а не со празни политички конструкции“, велат од Владата.
Реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ, велат објавеното од СДСМ не е бомба како што тие тврдат, туку петарда која пукнала во рацете на портпаролката Кузеска која шири дезинформации.
Марија Котовска
