Изгласана резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за мигрантите
Во законодавниот дом донесена предлог резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ за осуда на манипулациите на опозицијата и потврда на политиките против нелегалната миграција. Социјалдемократите ја бојкотираат седницата со став дека е национално предавство.

Собранието со 65 гласа „за“ и пет гласа „против“ ја донесе „Резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во образложението истакна дека парламентарното мнозинство и владата имаат јасна, доследна и непроменлива политика против нелегалната миграција. Потенцира дека владата никогаш не побарала, не договорила и нема да дозволи изградба на мигрантски кампови или трајно сместување мигранти на територијата на општините во државата.
И од коалицијата „Вреди“ потенцираа дека со оваа резолуција, се става крај на сите шпекулации и намерно пласирани невистини кои ги слушаме.
Пратениците од опозицијата на „Левица“, рекоа дека апсолутно имаат целосен легитимитет да не им веруваат на изјавите на премиерот Мицкоски дека ќе понесе политичка одговорност доколку се покажат спротивни тврдења за мигранти.
И од ДУИ потенцираа дека предлог-резолуцијата претставува „директен напад врз темелните вредности на парламентарната демократија“ и обид, како што рекоа, за „институционално замолчување на опозицијата и воведување на еднопартиско размислување“.
Собраниската комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, претходно со мнозинство гласови дадоа поддршка за резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција,
Игор Панов
