Временска прогноза

Променливо облачно со појава на магла

18.12.2025 08:21

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб променлив ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до -1, а максималната ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 6 степени.