Совет на јавни обвинители

Советот на јавни обвинители ќе назначи в.д. на местото на Коцевски

18.12.2025 08:35

Советот на јавни обвинители денеска ќе го потполни местото на Коцевски. Ќе се бира вршител на функцијата државен обвинител од редот на обвинителите во државното Јавно обвинителството. Со констатирање на оставката на Љупчо Коцевски започнува процедурата за избор на неговиот наследник...

Советот на јавни обвинители денеска ќе го потполни местото на Коцевски. Ќе се бира вршител на функцијата државен обвинител од редот на обвинителите во државното Јавно обвинителството. Со констатирање на оставката на Љупчо Коцевски започнува процедурата за избор на неговиот наследник. Според Законот за јавни обвинители изборот се врши најдоцна два месеца пред истекот на мандатот на актуелниот, односно веднаш по празнењето на местото, како во овој случај. По предлог на Владата, Собранието треба да распише оглас за именување јавен обвинител, да побара мислење од советот на јавни обвинители за сите пријавени кандидати.

Советот е должен да подготви мислења во писмена форма во рок од 15 дена. Изборот, како и разрешувањето, се врши со просто мнозинство