Пакет законски реформи против ширењето омраза во Австралија
Австралија воведува построги закони, казни и правила за визи против ширење омраза. Додека земјата се збогува со жртвите, премиерот Албанезе порача дека земјата мора да остане обединета и безбедна за сите граѓани...

По масакрот на плажата Бонди со 15 жртви, Австралија воведува построги закони, казни и правила за визи против ширење омраза. Додека земјата се збогува со жртвите, премиерот Албанезе порача дека земјата мора да остане обединета и безбедна за сите граѓани.
„Терористичкото злосторство во кое загинаа 15 невини луѓе, вклучувајќи ја и десетгодишната Матилда, која ја погребуваат денеска, беше напад врз нашата еврејска заедница, но и врз австралискиот начин на живот. Затоа најавувам пакет законски реформи за сузбивање на оние што шират омраза, поделби и радикализација. Промените вклучуваат отежнато кривично дело за говор на омраза и насилство, зголемени казни, отежнувачки фактори при казнувањето, како и нови овластувања на министерот за внатрешни да откажува или одбива визи за оние што шират омраза и поделби во земјава“, изјави Ентони Албанезе – премиер на Австралија.
