САД

Годишно обраќање на Трамп

18.12.2025 09:50

Трамп, во своето обраќање до нацијата по првата година од мандатот, рече дека го наследил хаосот во земјата од својот претходник, Бајден, но дека постигнал повеќе отколку што некој можел да замисли...

Американскиот претседател Трамп, во своето обраќање до нацијата по првата година од мандатот, рече дека го наследил хаосот во земјата од својот претходник, Бајден, но дека постигнал повеќе отколку што некој можел да замисли. Се пофали со економските успеси на неговата администрација, како и со напорите за запирање на протокот на нелегална миграција.

„Пред 11 месеци наследив хаос, сега го чистам. По само една година, постигнавме повеќе отколку што некој можеше да замисли. Во изминатите седум месеци, на ниту еден нелегален странец не му е дозволен влез во нашата земја. За само неколку месеци, преминавме од најлошото кон најдоброто. По години рекордно опаѓање на приходите, нашите политики ги зголемуваат нето платите со историско темпо. Веќе обезбедив рекордни 18 трилиони долари инвестиции, голем дел постигнат со царини. Пред една година нашата земја беше мртва, подготвена да пропадне, но сега сме најсилната земја во светот“, изјави Доналд Трамп – претседател на САД.

Трамп исто така истакна дека во изминатата година успеал да стави крај на дури осум војни и најави исплата на бонуси на американските војници.