Јанкулоска во Тирана: Продлабочена соработка во борбата против тероризмот и криминалот

05.09.2014 17:33

Се зајакнува македонско- албанската полициска соработка во спречувањето на верскиот радикализам и екстремизам. Министерката Јанкулоска на средба во Тирана со нејзиниот колега Тахири. Се формираат заеднички тимови, кои ќе работат на безбедносна стратегија против актуелните предизвици. Потпишан и протокол за соработка во текот на туристичката сезона во двете држави.

„Иницијативите за кои разговаравме, како што е иницирање на заеднички тимови за константно гонење, заеднички истражни тимови и продлабочена оперативна соработка во борбата против криминалот и во борбата против тероризмот, очекуваме да им создадат дополнителна пречка на сите оние кои имаат намера да го пречекорат законот“, рече Гордана Јанкулоска, министер за внатрешни работи на Република Македонија.

„Разменивме заеднички гледишта не само за европската интеграција и за задолжителните рформи, туку и за конкретни резултати во борбата со трговијата со луѓе и наркодилерите. Заеднички ќе се бориме против верскиот и етничкиот тероризам, како предизвик што не останува внатре во границите на една држава“, рече Самир Тахири, министер за внатрешни работи на Република Албанија.