САД

Американската војска изврши нов напад врз наводен брод за шверц во источен Пацифик

18.12.2025 11:41

Јужната команда на САД соопшти дека бродот „транзитирал по позната рута за трговија со дрога во источниот пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога“...

Американската војска извршила нов напад врз наводен брод за шверц на дрога во меѓународни води во источниот Пацифик, при што загинале четворица мажи. Јужната команда на САД соопшти дека бродот „транзитирал по позната рута за трговија со дрога во источниот пацифик и бил вклучен во операции за трговија со дрога“.

Американските медиуми наведуваат дека досега во ваквите операции се убиени повеќе од 90 лица.