Диего Коста нема да игра против Македонија
Шпанската Фудбалска Федерација на својата официјална интернет страница објави вечерва дека Диего Коста поради повреда се враќа во Лондон и нема да биде на располагање за составот на селекцијата на квалификацискиот дуел со Македонија в понеделник во Валенсија.
Шпанскиот напаѓач ги повредил лигаментите на коленото на пријателскиот дуел со Франција во четвртокот. Шпанците беа поразени со 1-0 на генералката пред мечот со Македонија, а Диего Коста во игра беше еден час.

Селекторот на Шпанија, Висенте Дел Боске на местото на повредениот Коста, го повика младиот напаѓач на Барселона Мунир Ел Хадади, кој на дебито за Каталонците беше стрелец во првенствената победата од 3-0 над Елче.