Фудбал

Вардар-Шкендија во осминафиналето на Купот

05.09.2014 20:28

Двата најголеми фаворита за првенствената фудбалска титула во Македонија, Вардар и Шкендија ќе се судрат во осминафиналето на домашниот Куп.

Денешната ждрепка во просториите на ФФМ сакаше двата најамбициозни и најорганизирани екипи во државата да ги одмерат силите уште во втората рунда од најмасовното натпреварување.

Првиот натпревар се игра во тетово на 24 септември а реваншот е во Скопје на 14 октомври.

Во истите термини се и другите седум натпревари во кои има уште две прволигашки пресметки: Пелистер – Работнички и Турново – Брегалница Штип.

Шкупи – Тетекс, Гостивар – Ренова, Силекс – Еуромилк, Победа Ј. – Дрита и Кожув – Напредок се натпреварите кои ја комплетираат осминафиналната шема во фудбалскиот Куп на Македонија.