Уапсен поранешниот директор на Управата за матични книги за корупција и економски криминал
Приведени поранешен директор на Управата за матични книги, Бујар Дарлишта и уште десетина лица во акција на истражните органи за организиран криминал. Се сомничат за повеќе кривични дела-корупција и економски криминал.

Уапсен поранешниот директор на Управата за матични книги, Бујар Дарлишта и уште десет лица во голема полициска акција, која беше спроведена заедно со обвинителството. Се товарат за финансиско-економски криминал и перење пари.
Полициската акција беше во координација со Обвинителството за гонење организиран криминал а од Обвинителството пак соопштија дека акцијата била спроведена на повеќе локации во Скопје и Куманово.
Активностите на истражните органи се спроведувале во текот на ноќта.
„Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ – МВР од ноќеска спроведуваат активности на повеќе локации во Скопје и Куманово, поради постоење на основано сомневање за сторени кривични дела од финансиско економска природа“, се наведува во соопштението од ОЈО ГОКК.
И министерот за внатрешни работи Тошковски ја потврди информацијата за апсење на Бујар Дарлишта и на уште 10-тина лица.
Повеќе детали за полициската акција во која беа приведени повеќе од 10 лица за економски криминал Обвинителството и МВР најавија дека ќе споделат по завршување на оперативните мерки.
Ана Јосифоска
