Бразил и Русија продолжуваат без пораз на одбојкарскиот мундијал
Во вечерните мечеви на С П во одбојка фаворитите остварија победи, но до нив дојдоа потешко од очекувањата. Во “Б“ групата актуелниот шампион Бразил ја совлада Финска во три сета и дојде до третата максимална победа на турнирот, но во првиот и третиот сет ривалот не искористи сет топки, па “кариоките“ ги добија на разлика (27 : 25, 25 : 21 и 26 : 24). Претходно во групата Куба ја совлада Ј. Кореа со 3 : 1, исто како и Германија против Тунис, па на табелата Бразил има 9 бода, Германија 6 а Финска 5.

Олимпискиот шампион Русија го загуби првиот сет против Мексико, по што убедливо ги доби следните три (21 : 25, 25 : 20. 25 : 14 и 25 : 17), за третата победа и лидерска позиција во “Ц“ групата. Бугарија е второпласирана со 7 бода по победата над Кина со 3 : 0, а покрај Кинезите кои се сигурни со 6 бода, за следната рунда место обезбеди и Канада која беше надмоќна и во три сета го совлада Египет.
Утре се играат мечевите од 4 коло во “А“ и во“Д“ групите, а МРТ ќе го пренесува натпреварот меѓу Белгија и Иран со почеток во 16.15 часот, решавачки за пласман во следната групна фаза.