Временска прогноза
Наутро магливо, преку денот променливо облачно
19.12.2025 08:19
Во југоисточните делови ќе дува слаб ветер од северозападен правец...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне наместа ќе има појава на магла. Во југоисточните делови ќе дува слаб ветер од северозападен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-5 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има појава на магла.
